КОГА СТЕФ КАРИ ЌЕ ПОСТАВИ РЕКОРД ЗА НАЈМНОГУ ТРОЈКИ?
Објавено на: 10.12.2021
Снајперистот на Голден Стејт наскоро би требало да постави нов апсолутен рекорд на реализирани удари за три поени, во најсилната и најквалитетна кошаркарска лига на светот – НБА.
На Стеф Кари му недостасуваат уште 10 погодени тројки, да го помине Реј Ален на првата позиција на вечната листа. Кари има 2.964 прецизни удари за три поени, Ален има 2.973 тројки.

Ѕвездата на Голден Стејт овој учинок го оствари на 786 одиграни натпревари, додека на ѕвездата на Бостон и Мајами и требаа 1.300 натпревари. Реџи Милер е трет на листата со 2.560 тројки.