Фудбал

КОГА ЌЕ ГО НАВЛЕЧЕШ НА СЕБЕ, ГНЕВОТ НА ЕДЕН ФУДБАЛСКИ КУЛТ

Англискиот судија кој беше арбитар на финалето во Лига Европа, беше нападнат од страна на навивачите на Рома на аеродромот во Букурешт. Секој напад на едно човешко суштество, треба и мора да биде остро осуден и веднаш најстрого санкциониран. Никој на овој свет нема право физички да му суди на друг, освен ако тоа не е поткрепено со законските правила и норми.

Но, има едно големо но во овој случај, за кој мора да подразмислат УЕФА и останатите креатори на фудбалската игра. Судијата Тејлор имаше неколку контроверзни одлуки со кои директно влијаеше на конечниот исход на финалето, а со тоа и на историјата на фудбалот. Фудбалските чинители мора да внимаваат кого делегираат за најважните натпревари, со цел да ги поштедат сите инволвирани од вакви сцени, а воедно и да ја користат технологијата многу подобро за што секако имаат можности.

Во случајотв, судијата е невина жртва на хулигани, кои за среќа негова и на неговото семејство кое беше со него, не ја спроведоа до крај нивната иницијална идеја. Сепак, еден УЕФА судија не смее да се шета меѓу навивачите, мора да има обезбеден превоз, а претходно треба да помине низ сите филтри за промоција и да добие максимална помош при судењето на секој еден натпревар.

Во секој случај, видеата се во најмала рака вознемирувачки…