КИРЈОС ГО ИЗВЕДЕ НАЈЛАДНОКРВНИОТ СЕРВИС ВО ИСТОРИЈАТА
Објавено на: 03.07.2022
Ник Кирјос го совлада Стефанос Циципас во епскиот дуел на два тенисера со грчко потекло, од кои победникот има австралиски пасош, со вкупни 3:1 во сетови на годинешното издание на Вимблдон.
Но, еден потег останува запаметен и влегува во аналите на тениската игра, а тоа е сервисот под рака на австралискиот претставник:
Обично се вели дека противникот треба јасно да го види топчето пред да сервираш во оваа џентлменска игра, но понекогаш, или секогаш, целта ги оправдува средствата, како во овој случај.
Вака, на времето аутсајдерот Мајкл Ченг му ја вадеше душата на фаворизираниот Иван Лендл во епската битка која траеше пет сета, на француското отворено тениско првенство Ролан Гарос.