ИМА ЛИ ПРАВО РОНАЛДО ДА ГО НАПУШТИ ЈУНАЈТЕД?
Објавено на: 03.07.2022
Во англиските медиуми се води дебата околу наводното барање на Кристојано Роналдо да го напушти Манчестер Јунајтед, со оглед на неговата желба да игра што повеќе во Лигата на шампионите на залезот на кариерата.
Португалскиот АС има 37 години и се уште игра на врвно ниво, што беше докажано минатата сезона во која, ако тој не играше и кога тој не играше, Црвените ѓаволи не личеа на фудбалска екипа, туку на група граѓани.

Прв во јавност се јави Џејми Карагер, кој немаше сон од Роналдо и нема освоено ништо битно во кариерата освен она „случајно“ финале во Истанбул 2005-та година кога Милан му ја подари титулата на Ливерпул:
Со овој потег докажува дека не го одби Сити поради љубовта кон Јунајтед. – напиша Карагер.

Но, набрзо потоа му одговори Гери Невил кој многу често го критикува Јунајтед и кој е многу реален во своите коментари како стручен коментатор, за разлика од зајадливиот Карагер:
Да, тој има право да го избере Јунајтед затоа што го сака повеќе од Сити и има право да го напушти Јунајтед иако го сака клубот. Уживајте во вашите 5 минути слава. – напиша Невил.
Има ли право Роналдо да го напушти Јунајтед, иако има уште една година од договорт?