КЕЈН Е ПОДОБАР ОД АНРИ?
Објавено на: 08.03.2022
Напаѓачот на Тотенхем постигна 176 гола во неговата премиерлигашка кариера, што статистички гледано е за еден гол повеќе од легендарниот напаѓач на Арсенал, Тиери Анри кој постигна 175 гола во дресот на Топџиите.
Анри во периодот 1999-2007 одигра 254 настапи, за црвено-белата лондонска екипа. Кејн игра за сино-белите од 2009-та и на 267 настапи има 176 гола, но во периодот 2001/02 настапуваше за младинските категории на Арсенал.

Тоа беше претпоследната сезона кога Арсенал беше шампион на Англија, а последната титула ја освои во сезоната 2003/04. Кој е подобар напаѓач? Требаше ли Арсенал да го задржи Кејн и во сениорските категории?