Фудбал

ЌЕ ИМ СЕ ПОГОДИ ЛИ СЕГА НА ПЛАЧКОВЦИТЕ?

Не ми чини ова, не ми чини она. Овој е против нас, оној е против нас. Тие ми направија вака, ние им направивме така. Отприлика ќе ја сумираме одисејата на Аргентина на ова светско првенство, кое е пропратено со контроверзии, како што впрочем и доликува, нели?

Даниеле Орсато е главен судија на мечот меѓу Аргентина и Хрватска, полуфиналето на 22-то светско фудбалско првенство, кое се игра во Катар. Дали арбитарот од Апенините ќе биде доследен на задачата која му е доверена и ќе отсуди како човек?

Останува да видиме кој ќе плаче на крајот и зошто… Вторник е денот за полуфинале… 20:00 часот… спремајте пивата и даските… или како што сака да каже легендата Златко Калински – да живеат пивото и кикириките, најевтината и најфудбалската варијанта…