Фудбал

БЕНЗЕМА ПОВТОРНО ЌЕ РЕШЕТА ВО ЕВРОПА?

Карим Бензема ја игра последната сезона во дресот на Ал-Итихад, според договорот кој му важи до крајот на јуни следната година. Засега нема индикации дека Бензема ќе ја обнови соработката, а додека работите се нејасни, еден турски гигант ќе се обиде да ја искористи ситуацијата.

Имено, во Фенербахче не се задоволни од Жон Дуран, младиот колумбиски напаѓач кој дојде на позајмица од Ал-Наср, па клубот планира предвреме да ја прекине соработката и да доведе искусен голгетер. Изборот се падна токму на Бензема, кој во јануарскиот преоден рок веќе ќе има полни 38 години и ќе треба добро да размисли за оваа шанса да се врати во Европа.

Со Фенер би играл во Лигата на Европа, но и би бил лидер на тимот кој посакува да ја врати шампионската титула која засега е кај лутиот ривал Галатасарај. Бензема се споменува и во Бенфика, каде тренер е Жозе Мурињо, па и таа опција за повторна соработка со „Специјалниот“, исто така може да биде интересна за Французинот.