КАКОВ ЌЕ БИДЕ РЕАЛ СО ВРАЌАЊЕТО НА (ДЕЛ ОД) ПОВРЕДЕНИТЕ?
Објавено на: 26.12.2023
Едно е јасно, а тоа е малерозниот ефект кај Кралскиот клуб во првата половина од сезоната, во која се повредија вкупно 6 стандардни првотимци и/или засилувања за сегашноста и за иднината.
Алаба, Куртоа и Милитао отсуствуваат поради посериозни повреди, поради кои ќе ја пропуштат целата сезона или можеби ќе се вратат на пролет кога веќе ќе биде касно за враќање во ритам и за влијание врз резултатите кои ќе бидат тогаш на сила.

Камавинга, Карвахал и Ѓулер се очекува да се вратат на терените по завршувањето на божиќните празници во Шпанија.

Како ќе изгледа Реал Мадрид со враќањето на половината од повредениот „железен полк“?