Фудбал

КАКО ЌЕ СИ ПОМИНЕ ХРВАТСКА СО ВАКА РАСПОЛОЖЕН БРАЗИЛ?

Кариоките ја размонтираа Јужна Кореа за половина полувреме и да не проработеше кај нив јужњачката крв, можеше да постигнат уште 19 гола, ако беа Германци и леднокрвни професионалци. Вака, желните за атракција и авантура Бразилци, одат во 1/4 финалето со скромни 4:1.

Хрватска не можеше да помине половина со Јапонија, но помина на пенали, па се поставува прашањето како ќе одиграат овие две репрезентации во вкрстувањето, односно во следната елиминациска рунда? Дали на коцкастите ќе им биде доволна среќата што ја имаа со Јапонците?