Мотоспорт

КАКО ХОНДА СТИГНА ДО ФОРМУЛА 1 ТИТУЛАТА?

Јапонскиот инает на дело, прикажан преку успехот на производителот на мотори, една од најсилните светски компании во оваа област, која се вика Хонда. Овој светски конгломерат со седиште во Минато (Токио) во моментов владее со Формула 1.

Хонда е долги години производителот на најмногу моторцикли и мотори со внатрешно согорување, по што е светски лидер. Во новиот милениум влезе во редот на најголемите производители на автомобили во светот, а во 2021-та ја покори Ф1.

Патот на Хонда не беше лесен, иако многумина предвидуваа пропаст на пректот кој го замислија Јапонците. Но, со поддршката на Ред Бул, по првите 4 години во хибридната ера поминати без бодови, 2021-та заврши со 24, а претходните 2 со 25.

Иако Мерцедес е официјално шампион на Формула 1 во конструкторската битка, каде е неприкосновен со 8 последователни титули, сепак возилото со Хонда мотор е шампионското за минатата Формула 1 сезона. Ќе биде ли ова најава за ново ривалство?