Фудбал

ДАМАТА ФУДБАЛЕРКА ЗА КОЈА ЗБОРУВА ЦЕЛИОТ СВЕТ

Деновиве, низ светските медиуми популарна е Надја Надим, која е репрезентативка на Данска и члена на Рејсинг Луизвил од Кентаки, САД. Таа е највлијателната спортистка со афганистанско потекло и голем борец за човековите права.

Надим имала само 11 години (2000-та) кога нејзиниот татко бил убиен од страна на Талибанците, заедно со нејзината мајка и сестрите пребегала во Данска, има 99 настапи за данската селекција, 200 гола во кариерата, играше за ПСЖ и Сити.

Надим беше дел од генерацијата на ПСЖ која со дебитантската титула во домашниот шампионат, ја прекина 14-годишната доминација на Лил во француското првенство. Надим дипломира за докторка, по 5 години поминати на студии, зборува 11 јазици.

Нејзиниот живот е опишан во документарниот филм со едноставен наслов „Надја“, кој се прикажува ширум Франција и зборува за патешествието на едно девојче кое едвај преживеа граѓанска војна, но прерасна во една од највлијателните жени на светот.