Останато

КАКО АЛИСОН ФЕЛИКС ГО ПОБЕДИ НЕХУМАНИОТ НАЈКИ?

Ова е приказната на големата атлетичарка и во овој случај малодушната компанија, која заврши со триумф на Давид против Голијат:

Во 2018-та американската репрезентативка дозна дека е трудна, по што Најки и понуди нов договор со 70% намалување на приходите, поздравувајќи ја со ставот – „Си го знаеш твоето место, продолжи да трчаш“.

Алисон Феликс веднаш го напушти Најки, потпиша нов договор со Атлит каде доби свој бренд на патики со име Сејш, со слоган – „Си го знам моето место“.

Од Летните Олимписки Игри во Токио, Алисон се врати со 10-тиот и 11-от медал на градите, со што стана најодликуваната американска трак-енд-филд спортистка и најодликуваната жена-спринтерка во историјата.

Кој сега треба да си го знае местото?