КАДЕ МОЖЕ ДА СЕ КУПАТ БИЛЕТИ ЗА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО?
Објавено на: 20.12.2025
Фудбалската еуфорија веќе расте како што се приближува Светското првенство 2026, а интересот за билети е огромен. Турнирот ќе биде историски, бидејќи за првпат ќе се одржи во три држави: САД, Канада и Мексико, при што Соединетите Американски Држави ќе бидат домаќин на најголем број натпревари.
Македонија ќе игра бараж против Данска, а потоа доколку ги совладаме Хојлунд и другарите ќе играме против победникот од дуелот меѓу Чешка и Северна Ирска. Тоа е патот за нашата репрезентација да игра на глобалниот собир, но доколку размислуваш да патуваш, еве информации каде може да се најдат билети.
Првите официјални фази за аплицирање билети преку ФИФА, како Visa Presale Draw, Early Ticket Draw и Random Selection Draw, веќе се затворени.
Во моментов, единствениот активен официјален канал е FIFA Resale/Exchange Marketplace, каде што навивачите можат да купуваат или разменуваат билети од претходните продажни фази.
Поради големата побарувачка и ограничената достапност, многумина се насочуваат и кон секундарни платформи како StubHub International, HelloTickets и VivaGogo, кои веќе нудат билети за натпреварите од Светското првенство. Цените на овие платформи може значително да варираат во зависност од натпреварот и интересот.
Цени на билетите
Според последните информации, ФИФА се откажа од целосно користење на динамично формирање цени за Светското првенство 2026, поради јавните реакции околу високите трошоци. Тоа значи дека билетите од официјалната продажба ќе имаат фиксни цени во следните продажни фази.
Најевтините билети ќе започнуваат од околу 60 американски долари, но се очекува тие да бидат многу ограничени. Од друга страна, најскапите билети, оние за финалниот натпревар можат да достигнат цена и до 6.730 долари во прва фаза и потоа да растат до небо. На секундарните платформи, цените можат да бидат и повисоки, во зависност од побарувачката.
Светското првенство 2026 ќе се одржи во текот на летото, со почеток на 11 јуни, а финалето е закажано за 19 јули. Деталниот распоред на натпреварите и групната фаза ќе биде официјално потврден по завршувањето на ждрепката.