КАДАРНИ ЛИ СЕ ЗАСИЛУВАЊАТА КОИ ГИ ПОБАРА КОНТЕ?
Објавено на: 03.11.2021
Неофицијално, нвиот стратег на Тотенхем ги побарал во редовите на неговата нова екипа, следните тројца фудбалери – голгетерот Душан Влаховиќ од Фиорентина, односно штоперите Стефан Де Вриј и Алесандро Бастони од Интер.
Најинтересен меѓу овие тројца е напаѓачот на виолетовите од Фирeнца, кој во 2021-та постигна 25 гола и во клупските книги ги остави зад себе Лука Тони со 24, однонсо Габриел Батистута со 23 погодоци во една календарска година.

Ќе му бидат ли на Антонио Конте, кој има договор до летото 2023-та, доволни овие три имиња за посериозен Тотенхем кој би можел да ги нападне првите 4 позиции во Премиерлигата? Планира ли да игра бункер со двајца нови штопери?