ГО ПРОДАДОА ЗА 127 МИЛИОНИ ЕВРА, ПА СЕГА ЌЕ ГО ВРАТАТ ЗА „СИТНО“?!
Објавено на: 04.07.2024
Заврши позајмицата на Жоао Феликс во Барселона, по што ќе се врати во Атлетико Мадрид откако ќе му завршат обврските со селекцијата на Португалија на Европското првенство.
Во меѓувреме, судбината му виси во воздух бидејќи офанзивецот неколкупати јавно изрази желба да остане во Барселона, но Каталонците моментално прават пресметки како да го откупат неговиот договор. Додека не стигне конкретна понуда од „Камп ноу“, матичниот клуб на Феликс покажа интерес да го врати фудбалерот во своите редови.
Бенфика во летото 2019 година го продаде Феликс за неверојатни 127 милиони евра на Јорганџиите, а сега лисабонските Орли испратија понуда пониска од 20 милиони евра за Жоао повторно да го облече дресот на португалскиот гигант.
Феликс имаше солидна сезона во Барса, на 44 меча постигна 10 гола и 6 асистенции.