Тенис

СИНЕР ОД ДЕНЕС Е СЛОБОДЕН, ВО РИМ ЌЕ СЕ ЗАГРЕВА ЗА РОЛАН ГАРОС

Официјално заврши тримесечната суспензија на Јаник Синер, па од денес првиот светски рекет ќе може да тренира и да се натпреварува, односно да се врати на тениските терени.

Ќе го стори тоа уште на Мастерс турнирот во Рим, кој почнува деновиве, што ќе му дојде како загревање за вториот овосезонски гренслем Ролан Гарос. Синер во изминатите три месеци не пропушти многу, освен четири Мастерс 1000 турнири Индијан велс, Мадрид, Мајами и Монте Карло, меѓутоа неговата позиција на врвот на АТП листата остана непроменета.

Синер последен пат играше на Австралија Опен, а откако го освои првиот гренслем сезонава, се спогоди да биде суспендиран на три месеци поради обвинувањата дека користел допинг. Италијанецот во првата рунда во Рим ќе се сретне со еден од Маријано Навоне или Федерико Сина, што за него ќе биде прв натпревар по 100 дена пауза.