ГАТУЗО И КЕЈН МУ ПРЕСУДИЈА НА ТРЕНЕРОТ НА ДИНАМО
Објавено на: 19.09.2024
Управата на Динамо Загреб му врачи отказ на тренерот Сергеј Јакировиќ по серијата слаби резултати, односно дебаклот од Баерн Минхен со 9-2 во воведното коло од Лигата на шампионите.
Хрватскиот шампион прво ремизираше со Риека во домашното првенство, а потоа следуваше пораз од Хајдук во големото дерби, а на сето тоа и Баварците фрлија сол на раната за стратегот кој лани донесе двојна круна во Загреб, да биде разрешен.
Динамо во во најкраток можен период ќе постават нор кормилар, а се споменуваат имињата на Немања Бјелица, кој веќе беше на клупата на Модрите, како и хрватската фудбалска легенда Ведран Чорлука.