Фудбал

ДРЕСОТ Е УБАВ, НО СЕ ЗБУНИВ И НАМЕСТО НА СИЛВА, МУ ДОДАДОВ НА СУДИЈАТА (ВИДЕО)

Играчите на Манчестер сити вчеравечер покрај тврдатата одбрана на Интер, имаа проблем и да се распознаат на теренот поради специјалните дресови кои ги носеа за дербито на „Етихад“.

Аканжи по средбата го правдаше дизајнот и тврдеше дека е убав, меѓутоа на теренот направи кикс кога сакаше да испрати додавање до Силва, но се збуни и му проследи пас на линискиот судија.

„Ми се допаѓа дресот, навистина е убав, но во една акција се збунив со линискиот судија. Мислев дека таму е Бернардо Силва, па му додадов, а тоа да ти бил судијата“, истакна швајцарскиот стопер.