Фудбал

ЈА ВИДЕ ЛИ БОМБАТА НА РИСТОВСКИ?

Се уште се први кола во Хрватската прва лига, а можеби веќе го имаме голот на сезоната и тоа постигнат од нашиот Стефан Ристовски.

По добро проигрување со двојно додавање, од прва Стефан Ристовски распали и стрелаше во горниот агол од голот на Шибеник.

Нашиот репрезентативец игра во врвна форма и е еден од главните играчи на модрите од Загреб.