Фудбал

БЕРБЕРОТ НА МИОВСКИ ОД АБЕРДИН ЕМОТИВНО СЕ ПРОСТИ ОД НЕГО НА ИНСТАГРАМ (ФОТО)

Дека нашиот „бомбер“ остави голема трага во шкотски Абердин, не сведочат само грмењата на најжестоките навивачи на премиерлигашот туку и жителите на градот.

Особено неговиот бербер, кој очигледно е трогнат што еден од неговите најпопуларни „муштерии“ ќе замине од градот и се сели во Ла Лига.

Возбуден сум што ќе можат да го видам мојот пријател како го прави следниот чекор во неговата кариера, придружувајќи и се на Жирона, во една од најдобрите лиги во светот… Ла Лига. Твојот сон за настап во Лигата на шампионите конечно ќе се оствари бидејќи потпиша четиригодишен договор. Твоето патување во Шкотска заврши, со сите успони и падови, со бесмртната љубов кон Абердин за што ќе ти бидеме безрезервно благодарни. Една врата се затвора, друга се отварар, а овој пат желбата за успех да бидеш најдобрата верзија од себе нека се случи во Шпанија.

Емотивно, нели?