Фудбал

ИТАЛИЈАНСКО СЦЕНАРИО: НАЈВАЛКАНАТА ФУДБАЛСКА НАЦИЈА НА СВЕТОТ?

Аргентина се пласира во полуфиналето на светското првенство во Катар. Гаучосите ја совладаа Холандија на пенали. Имаа водство до доцна во мечот, но примија два гола за продолженија. На Блискиот Исток мириса на италијанската трагедија.

Времето не може да се врати, но историјата знае да се повтори. Бог има свои начини, да ја истера фудбалската правдина на виделина. Дали мундијалот во Катар ве потсеќа на светското фудбалско првенство кое се одржа 1990-та година во Италија?

Ќе ве потсетиме:

Аргентина го загуби првиот меч на тоа светско првенство од Камерун, на ова светско првенство беше поразена во првиот меч од селекцијата на Саудиска Арабија.

Аргентина ја совлада Југославија на пенали во 1/4 финалето, со непостоечки црвен картон (два жолти) за Шабанаџовиќ, сега подарокот беше непостоечкиот пенал во 71-та минута.

Јунак на Аргентина тогаш беше голманот Гоикочеа, сега тоа е голманот Мартинез. Тогаш главна ѕвезда на залезот на кариерата беше Марадона, сега тоа е Меси.

Аргентина тогаш се пласира во финалето, каде загуби од Германија со најсурово сценарио, од пенал, со орудието со кое се шлепаше до последниот натпревар.

Како попатна споредба, и тогаш Холандија и Бразил беа инволвирани во елиминациската фаза, но испаднаа на патот кон големиот пехар… Дали заслужуваат да бидат присутни и ценети на големата спортска (која треба да биде фер-плеј) сцена, нека ви покажат следните кадри:

Аргентинците традиционално и со генерации наназад играат валкан фудбал, клупски и репрезентативно, играат на нож, не ги почитуваат противниците, се тепаат и се колат на теренот со сите фудбалски и нефудбалски средства познати и непознати на човештвото, лежат, ползат, глумат, плачат, паѓаат во несвест, се расправаат со судии, секогаш некој друг им е виновен …

Со сила, правдина не бидува. Има ли премногу сличности на СП 2022 со СП 1990, за да биде исходот различен?