Останато

ИСТОРИСКА ПОБЕДА НА МАРК КАВЕНДИШ, НА ТУР ДЕ ФРАНС

Британецот го изедначи рекордот на Еди Меркс, со 34-та победа на една етапа, на 13-та делница на престижната француска трка, со еден од најголемите пресврти во финишот. Кавендиш има рекордни 6 тури, со по најмалку 4 победи.

Ова е 4-та победа за Марк Кавендиш на годишеното издание на Тур Де Франс, на кое води словенечкиот велосипедист и победник на последното издание, 22-годишниот Тадеј Погачар. До крајот на трката остануваат 8 етапи.