Фудбал

ДЕШАМП ПРЕЖИВЕА, ВАН ГАЛ ПОВТОРНО ДОАЃА

Француската селекција нема да претрпи промени на кормилото, затоа што селекторот за рекордно кратко време во еден разговор се договорил со Фудбалската федерација на Франција за продолжување на соработката и на СП во Катар следната година.

Дидие Дешамп ги предводи триколорите од 2012-та, а во 2018-та стана светски шампион на мундијалот во Русија.

Холандските медиуми, шпекулираат дека Луис Ван Гал ќе се врати на селекторката позиција на која беше во два наврата, од 2000-та до 2002-та и од 2012-та до 2014-та година. Се уште ништо не е официјално, потребна е потврда од стручниот одбор задолжен за именување на селектор.

Столчето на холандската клупа остана празно, откако од него се лизна Франк Де Бур.