Фудбал

НИШТО ОД ФАБРЕГАС, КОМО ОДБИ ДА ПРЕГОВАРА СО ИНТЕР

Претседателот на Комо, Мирван Суварсо, го одби повикот од Интер да преговара околу евентуален ангажман на Цеск Фабрегас за тренерското столче на Нероаѕурите. Европскиот и италијанскиот вицешампион сега ќе мора да продолжи со потрагата по наследник на Симоне Инзаги, откако првата опција повеќе не е достапна.

„Отворено го одбивме пристапот за преговори со Интер околу нашиот тренер Цеск Фабрегас, и покрај покажаниот конкретен интерес од нивна страна. По нашата конечна одлука, секаква шпекулација околу инсистирање на Интер да ги добие услугите на Цеск ќе остане само фантазија. Сметаме дека клуб од калибарот на Интер јасно ја разбра нашата порака и понатаму нема да инсистира“, изјави Суварсо за италијанските медиуми.

Управата на Нероаѕурите најверојатно ќе го насочи вниманието кон Роберо Де Ѕерби, предводникот на Марсеј, а како трета опција се појави името на Патрик Виера, играчката икона на Арсенал и актуелен тренер на Џеноа.