Фудбал

МАКЕДОНЕЦ ЌЕ ПОСТАВИ РЕКОРД ЗА НАЈСКАП ТРАНСФЕР ВО ИСТОРИЈАТА НА СЛОВЕНЕЧКИОТ ФУДБАЛ?

Словенечкиот шампион Олимпија Љубљана прави конкретни чекори да го обезбеди потписот на македонскиот интернационалец Димитар Митровски. Крилниот офанзивец на Вараждин би можел да стане рекорден трансфер во словенечкиот фудбал, со оглед на тоа дека актуелниот првак е подготвен да исплати еден милион евра за нашиот Митровски.

Тоа би бил прв милионски трансфер во Словенија, додека досега најскап трансфер е ангажманот на Блесинг Елеке исто така во Олимпија за 800.000 евра.

Митровски зад себе остави одлична сезона во која запиша осум погодоци и една асистенција во 28 настапи за Вараждин, со што доби и повик од селекторот Боби Милевски за камбек во репрезентацијата на Македонија, откако претходно ги пропушти мартовските квалификации.

За 26-годишниот Димитар се интересира и Динамо Загреб, но се чини дека поблиску е да стане нов член на тимот од Љубљана и да претставува големо засилување за квалификациите во Лигата на шампионите за следната сезона.