Фудбал

ИМА ЛИ МОМЕНТАЛНО ПОДОБАР НАПАЃАЧ ОД ВЛАХОВИЌ?

Му требаа 13 минути за првиот гол, Јуве победи со Верона со 2:0. Не постигна гол на следните три меча со Сасуоло, Аталанта и Торино, но бјанконерите останаа непоразени на сите тие три меча.

Следуваше погодок во 32-та секунда, најбрз деби-гол во Лигата на шампионите, на гости кај Виљареал за 1:1, реваншот е во Торино. Постигна два гола во победата 2:3 кај екипата на Емполи.

Има ли во моментов подобар напаѓач во најсилните европски лиги, или играч кој повеќе влијае на играта на својата екипа? Со него во составот, Јуве нема пораз на 6 меча во серија.

Куриозитетно, Фиорентина немаше пораз на три меча пред Влаховиќ да премине во Јуве, со што српскиот играч е 9 средби без пораз. Јувентус исто така има 9 во низа од поразот со Интер.