ИМ ВЛЕТА ГОЛ ПРЕД ДА ДАДАТ ГОЛ
Објавено на: 09.04.2021
Присуството на публиката е забрането на мечевите во европските купови под капата на УЕФА, но со појавата на трагачите по популарност не може да се справи никој, па дури ни најсериозната и најпедантната спортска организација на европскиот континент.
A streaker halted Man United's Europa League clash with Granada in bizarre scenes#MUFC #GRAMUN #UELhttps://t.co/B3bNgnI9TK
— talkSPORT (@talkSPORT) April 8, 2021
На дуелот меѓу Гранада и Манчестер Јунајтед во 1/4 финалето во ЛЕ, историски за шпанската екипа која никогаш претходно не го видела ова натпреварувачко ниво, рутински за англискиот гигант кој славеше со лесни 0:2 и веќе размислува на следната фаза, се случи инцидент:
Get in!! Been years since a streaker got on a pitch 🤣 pic.twitter.com/8Q8MuyUsaO
— Liam Nunn (@liamnunn83) April 8, 2021
Влетувањето на разголениот човек налик на Робинзон Крусо од приказните, кој зачудувачки непречено истрча на зелениот терен во 6-та минута од натпреварот, не им пречеше на гостите да ја погодат домашната мрежа во 31-та и во 90-та минута, за мирен реванаш на 15-ти април.