ИГРАЊЕТО НА МЕСИ И РОНАЛДО ВО ИСТ ТИМ СТАНУВА РЕАЛНОСТ
Објавено на: 09.10.2026
Еден од неостварените соништа на фудбалот е да ги види Кристијано Роналдо и Меси во ист тим. Двете најважни фигури во фудбалот на 21-виот век се ближат кон крајот на своите кариери по две децении брилијантност… и сега Карлос Тевес кој бил соиграч со двајцата, сака да ги обедини и да го „затвори кругот“.
Поранешниот аргентински фудбалер кој се пензионираше во 2022 година, ја оживеа идејата да одигра проштален натпревар на „Ла Бомбонера“ во Буенос Аирес. Популарниот „Апачи“ веќе има одобрение од овој настан да се одржи на 20-ти декември, и тоа е чекор напред кон остварување на идејата Меси и Кристијано да играат за ист тим.
Тевез сака да ги собере најголемите ѕвезди со кои играл во текот на целата своја кариера, а негова посебна желба е Меси и Роналдо да настапат заедно. Тевес планира во тимот на светот да бидат голманите Буфон и Ван дер Сар, во одбрана Фердинанд, Видиќ, Кјелини, Бонучи, Пирло, Сколс, Рикелме во средина, а смета дека тоа ќе биде „најдобриот пријателски натпревар досега“, ако ги спои и Кристијано и Меси во нападот.
Тевес одигра 47 натпревари со Меси за аргентинската репрезентација и вкупно 80 натпревари со Кристијано Роналдо за Манчестер јунајтед. Најголемите ривали Меси (39) и Роналдо (41) би можеле да играат за ист тим за прв пат во своите кариери.
Сепак, настапите на двајцата великани сè уште не се потврдени. Организаторите сè уште не го договориле нивното доаѓање, и останува непознато дали идејата на Тевес ќе се оствари. Доколку Меси и Роналдо ја прифатат поканата, прошталниот натпревар на Тевес би можел да стане еден од најгледаните егзибициски фудбалски натпревари во историјата.