АХ, ТОЈ ТОТЕНХЕМ: ИГОР „ПАДНА“ ЗА ГОЛ, ВИКЕНДОВ МОРА ДА БИДЕ ДОБИТЕН
Објавено на: 19.09.2025
Многу малку недостасуваше, или поточно само еден гол на Тотенхем во вторникот, за Игор Трпески кочено да погоди добитен предлог-тикет и тоа само со дуели од Лигата на шампионите. Од шест типови кои ги одбра, чекаше само втор гол на Петлите во средбата против Виљареал, што значи дека е многу блиску да состави добитна комбинација и верува дека токму денес го има рецептот за добивка.
Ова е визијата на Игор за овој викенд:

БРАЈТОН – ТОТЕНХЕМ: 1+ гола во прво и во второ полувреме
Тимот на Томас Франк овојпат не смее да разочара, во дуелот против Брајтон се очекуваат многу голови. Галебите играат отворен фудбал, што е добра вест за гостите од Лондон, па затоа и типот е да се тресат мрежите барем по еднаш во двете полувремиња.
БОРНМУТ – ЊУКАСЛ: Гол-гол
Борнмут и оваа сезона ќе биде трн во око за фаворитите во Премиер лигата, посведочи на тоа и Тотенхем, како и Ливерпул кој се мачеше против Црешите во првото коло. Сега на ред е Њукасл кој пред неколку дена претрпе пораз од Барселона во ЛШ, па тимот на Ирајола ќе се обиде да фрли сол на раната. Доколку Њукасл има сили, ќе се гледа цврст дуел во кој ќе има барем по еден гол.
РЕАЛ МАДРИД – ЕСПАЊОЛ: Домаќинот да постигне 2-4 гола
Кралевите не би требало да имаат проблем да го одржат максималниот учинок и по пет кола во Ла Лига. Тимот на Алонсон речиси сигурно ќе ја искористи фаворитската улога и домашниот терен за да го надигра Еспањол, а сега кога Мбапе е разигран и полека се составуваат коцките, да се очекуваат до четири гола на домаќините е сосема реална опција.
ВЕРОНА – ЈУВЕНТУС: Реми или победа на гостите и да постигнат 2+ гола
Разигран Јувентус е она што му недостасуваше на Калчото, а кога Старата дама ќе врзе два меча во кои постигна 8 гола, и тоа против Интер и Дортмунд, нормално е да се зголемат очекувањата за тимот кој го води Игор Тудор. Од Јуве е потребно само да не загуби на гостувањето кај Верона, но и да постигне барем два погодоци.
ИНТЕР – САСУОЛО: Победа домаќин и 1+ гола во прво полувреме
Никој не очекуваше два порази на Интер во воведните три кола во Серија А, па затоа дуелот против повратникот во елитата се гледа како „must win“ за Нероаѕурите. Избраниците на Киву издоминираа во Амстердам пред неколку дена, а формата од победата над Ајакс треба да ја пренесат и во пресметката со Сасуоло.
ЛАЈПЦИГ – КЕЛН: Победа домаќин
Црвените бикови постепено ја креваат формата по дебаклот од Баерн во премиерното коло, а следен тим преку кој може да стигнат до нови три бода е Келн. Лајпциг многу лесно може да ја оправда фаворитската улога, ако се знае дека на домашен терен речиси редовно го нагдигрува расположениот Келн.

Со вложени 200 денари добивката е солидна, но секако изборот е ваш со колку ќе уплатите доколку го искористите кодот за брза уплата од нашиот предлог-тикет. Можете да го сторите тоа до утре до 16 часот, кога почнуваат првите натпревари.
КОД: 104660