Фудбал

РЕКОРД КОЈ ВЕЧНО ЌЕ ГО НОСИ НЕГОВОТО ИМЕ

Пред Ерлинг Халанд е уште една сезона која ќе ја исполни со погодоци во сите натпреварувања во кои Манчестер сити ќе брка трофеи. Норвежанецот по петте гола во Премиер лигата vо четири кола, вчеравечер ја отвори својата сметка и во Лигата на шампионите.

Граѓаните славеа со рутински 2-0 против Наполи, а токму Халанд беше човекот кој го проби бедемот на италијанскиот првак. Погодокот во 56-тата минута не беше само обичен, Халанд стигна до јубилеен 50-ти погодок во најелитното европско натпреварување, остварувајќи рекорд кој многу веројатно нема да биде достигнат во скоро време.

За да стигне до бројката од 50 гола Халанд одигра само 49 меча во ЛШ, како член на Салцбург, Дортмунд и сега Сити. Колку за споредба, играчот кој до вчера беше прв на оваа листа е Руд Ван Нистелрој, на кого му беа потребни 62 настапи.

Дополнително, Халанд се смести на делба на деветтото место во топ 10 вечната листа на голгетери во ЛШ, има исто колку и Тиери Анри. Ако продолжи со ова темпо, прашање на време е кога Халанд ќе стигне до бројката од 100 погодоци, по што ќе го брка рекордот на Кристијано Роналдо од 140 на врвот на вечната листа, со оглед на тоа дека бомбардерот на Сити од неодамна влезе во 25-тата година од животот.