ТИПУВАМЕ

ИГОР НЕ СЕ ОТКАЖУВА, ЗГОТВИ НОВ ПРЕДЛОГ-ТИКЕТ КОЈ ЌЕ ГО ОДВЕДЕ НА МАЛДИВИ

По два неуспешни обиди, Игор Трпески се надева дека овој трет обид ќе му биде среќен и ќе погоди тикет со седум парови и највисок вкупен коефициент, кој ќе му обезбеди егзотично патување на Малдиви или Куба.

Нашата акција е предобра да се испушти, па затоа Игор не се откажуваме во нашата намера.

Ова се седумте предлози на Игор во новиот тикет на колото:

БЕНФИКА – БАЕРН МИНХЕН: Победа гостин

Баварците со две победи си го обезбедија пласманот во нокаут фазата од премиерното СКП, но тоа не значи дека вечерва нема да се обидат повторно да освојат три бода и со перфектни 3/3 да се преселат во следната фаза.

ЛОС АНЏЕЛЕС – ФЛАМЕНГО: Гол-гол

Жално ќе биде за тимот од Калифорнија да го напушти првенството без постигнат гол, а со оглед на тоа дека Фламенго веќе се пласира во следната фаза, се очекува Бразилците да играат поопуштено и да дозволат барем еден гол во својата мрежа, но исто така да погодат еден.

ЕСПЕРАНС ТУНИС – ЧЕЛСИ: Гостинот да постигне еден гол во прво и 3+ гола вкупно

Натпревар „да се биде или не“ за Сините кои се апсолутни фаворити против претставникот од Тунис, па затоа очекувањата се тимот на Мареска да ја осигура победата со барем еден гол во првото полувреме, а да постигне најмалку три во целата средба.

МЕМЕЛОДИ – ФЛУМИНЕНСЕ: Гостинот да постигне 2+ гола

Флуминенсе мора да постигне два гола преку кои ќе стигне до посакуваните три бода и пласман во нокаут фазата, што воедно ќе значи и освојување на првото место во групата Ф.

ПАНАМА – ЈАМАЈКА: 1-3 гола во прво и 1+ гола во второ полувреме

Панамците си ја завршија работата и веќе се фокусирани на нокаут фазата од Златниот Куп, па затоа има шанси оваа средба да биде исполнета со погодоци, но не повеќе од три во првиот дел, односно најмалку еден во вторите 45 минути.

ИНТЕР – РИВЕР ПЛЕЈТ: Победа домаќин

Нероаѕурите како фаворити би требало да го добијат директниот дуел за првото место во групата Е, без разлика што европскиот вицепрвак со мачење освои четири бода во претходните два дуели.

ЈУВЕНТУС – МАНЧЕСТЕР СИТИ: Реми или победа гостин и 0-3 гола

Европското дерби во групата ќе биде само формалност знаејќи дека и двете екипи се пласираа во 1/8 финалето од СКП, па затоа се остава простор за евентуална поделба на бодовите, или Сити да слави во мечот во кој ќе нема повеќе од три погодоци.

Игор доби висок вкупен коефициент со само седум парови бидејќи треба да го надмине моменталниот лидер со 98.19 коефициент, а уплатата од 70 денари е според условите за учество во нашата егзотична акција.

Шифрата за брза уплата можете да ја искористите до почетокот на првиот натпревар, односно до вечерва до 21 часот.

ШИФРА: W06241123596