УШТЕ ЕДНО „ТРЕНТ“ СЦЕНАРИО ВО ЛИВЕРПУЛ?
Објавено на: 23.06.2025
Ибрахим Конате ја одби последната понуда од Ливерпул за продолжување на договорот кој му истекува во јуни следната година, па клубот како и навивачите се плашат дека ќе се повтори ситуацијата со Трент Александер-Арнолд.
Англискиот бек долго време ги пролонгираше преговорите за нов договор, за на крајот да се одлучи за нов предизвик и да потпише за Реал Мадрид како слободен играч, ангажман кој се официјализира неодамна. Токму Кралевите покажаа интерес за Конате и дадоа дознаење дека се подготвени да почекаат една година за да ги добијат услугите на Французинот исто така без да платат отштета.
Според англиските медиуми, Конате бара повисока плата за да се почувствува дека е важен дел од тимот на Арне Слот, па сега на потег е управата на Ливерпул да му ги исполни барањата, или да му постави ултиматум и да ризикува да загуби уште една ѕвезда за бесплатно.