ТИПУВАМЕ

ИГОР НАПАЃА НА ТРИ ФРОНТА ВО НОВИОТ ТИКЕТ НА КОЛОТО

Заслужена кратка пауза од клупскиот фудбал со фокусот насочен кон репрезентативниот циклус во Лигата на нациите, како и тениското првенство во Франција заедно со кошаркарските возбудувања на Стариот континент.

Како и секогаш, Игор Трпески  својот предлог-тикет го игра кај нас затоа што може да ги најд најдобрите коеифициенти, како и огромен избор на игри кои му овозможуваат да ja комбинира неговата визија за добивка.

РЕАЛ МАДРИД – БАСКОНИЈА: 1-1

Првата средба од полуфиналната серија во АЦБ лигата треба да припадне на актуелниот шампион, односно да се оправда фаворитската улога, особено откако сезонава Кралевите ги добија последните три меѓусебни дуели со Басконија.

ПОЛ Т. – АЛКАРАС К.: 2-2

Американскиот тенисер не би требало да му направи многу проблеми на бранителот на титулата на Ролан Гарос, кој е на пат да обезбеди ново полуфинале каде би се сретнал со подобриот од дуелот Мусети – Тиафо.

ГЕРМАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА: 3+ гола

Германците веќе четврт век не знаат за пораз од Португалија, радувајќи се на победа во последните пет меѓусебни средби на светските и европските првенства. Овојпат се игра за пласман во финалето во Лигата на нациите, а Игор се надева дека барем трипати ќе се тресат мрежите на „Алијанц“ арената во Минхен.

ЗВЕРЕВ А. – ЃОКОВИЌ Н.: Вкупно гема +40.5

Ѓоковиќ во Мелбурн ја разочара публиката кога се откажа во полуфиналето против Зверев поради повреда, но затоа Ролан Гарос ни овозможи нова шанса да се гледа епска битка, а од Саша и Новак се очекува да играат пет сета и да има многу драма.

ШПАНИЈА – ФРАНЦИЈА: Гол-гол

Речиси една година по Европското првенство, фудбалските великани повторно се среќаваат во полуфинале на големо натпреварување, а ако нешто Трпески научи од нивните минати средби, тоа е дека нема да недостасуваат голови.

БУДУЌНОСТ – ПАРТИЗАН: Победа гостин

Црногорскиот шампион ја доби предноста на домашен терен откако ја елиминира Црвена Звезда во полуфиналето и одреди дека ќе има нов првак во АБА-лигата. Сепак, квалитетот и искуството се на страната на Црно-белите од кои очекува да триумфираат во Подгорица на отворањето на финалната серија.

До денес до 19 часот можете да ја искористите шифрата за брза уплата и да го одиграте предлог-тикетот на Трпески доколку сметате дека има реална шанса да биде добитен. Игор редовно вложува 200 денари, на вас останува со колкава сума ќе го уплатите.

ШИФРА: W06031092510