БРУНО ИЛИ Е ЛУД, ИЛИ Е ПРЕМНОГУ ЗАЉУБЕН ВО ЈУНАЈТЕД – ОДБИ БОГАТСТВО ЗА ДА ОСТАНЕ НА „ОЛД ТРАФОРД“
Објавено на: 03.06.2025
Фабрицио Романо утринава ексклузивно потврди дека Бруно Фернандес, капитенот на Манчестер јунајтед, ја одбил астрономската понуда од Ал-Хилал со цел да остане на „Олд трафорд“ и да продолжи да се натпреварува во најквалитетната луга во светот.
Португалскиот репрезентативец очигледно не го интересираат арапските богатства и со овој потег покажа колку всушност го сака англискиот гигант. Доколку го прифатеше трансферот, Бруно за три години ќе заработеше околу 237 милиони евра, или поточно:
- 79 милиони евра годишно
- 6,57 милиони евра месечно
- 213.000 евра дневно
- 9.000 евра по час
- 2,5 евра по секунда
Очигледно најдобриот поединец во составот на Рубен Аморим не сакаше да го остави клубот на цедило по катастрофалната сезона во која Јунајтед го загуби и финалето во Лигата на Европа од Тотенхем, додека во Премиер лигата клубот заврши на 15-тото место.
Дали донесе добра одлука?