Фудбал

ХРВАТИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА СРБИЈА Е ФУДБАЛСКИОТ ГОСПОДАР

Актуелните резултати на Црвена звезда и Партизан во рамките на натпреварувањата на УЕФА, му донесоа на српскиот фудбал пласман на два претставника во Лигата на шампионите, следната сезона.

Србија може да има и три претставници во групната фаза за следната меѓународна клупска сезона, а кај Хрватите, покрај Динамо, само Ријека еднаш успеа да влезе во групна фаза и да освојува клупски бодови за оваа земја.

Србија и Хрватска се пласираа на СП како лидери во квалификациските групи, но патот на Србите беше преку Португалија, а на Хрватите преку Русија. Кој, според вас, царува во екс-ју фудбалот, во моментов?