Фудбал

ХОЈЛУНД НЕ Е НИ ПОЛОВИНА ОД ХАЛАНД

Планот на Црвените ѓаволи беше кристално јасен уште од почетокот на трансфер-периодот ова лето, по завршувањето на минатата сезона, план кој имаше една зацртана цел која е остварена.

Колку ќе влијае досегашниот учинок на новиот фудбалер на Олд Трафорд, во неговите перформанси на Театарот на сништата?

Манчестер Јунајтед го нагажира данскиот интернационалец Расмус Хојлунд. Сега на ред е Амрабат од Фиорентина, но за мароканскиот репрезентативец се уште не се почнати преговорите, затоа што се чекаше на Хојлунд.