ЦРВЕНИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ФРАНЦУЗИНОТ, ЗА ЕДНА СЕЗОНА
Објавено на: 30.07.2023
Ливепрул преговара со ПСЖ за сензационален трансфер на Килијан Мбапе кој би траел една сезона, во која францускиот репрезентативец би играл елитен фудбал, по што би поминал во Реал Мадрид.

Договор со црвените од Енфилд би бил позајмица за една сезона, што би донело при за ПСЖ и слобода за 24-годишниот фудбалер да заигра каде сака во сезоната 2024/25.

Се уште е јавно непознато дали навистина Реал и Мбапе имаат договор, па оттаму чуди фактот што сите екипи кои му нудат договор, го прават тоа само за една сезона. Толку ли е моќен Кралскиот клуб?