Фудбал

ХЕТ-ТРИКОТ НА ЛЕВАНДОВСКИ НЕ Е НАЈБРЗ ВО ИСТОРИЈАТА

Полскиот напаѓач имаше уште една бравурозна партија во дресот на баварската машинерија, која во реваншот го прегази Салцбург со 7:1 и со вкупни 8:2 се пласира во 1/4 финалето во Лигата на шампионите.

Роберт Левандовски постигна три гола во 11 минути – во 12-та, 21-та и 23-та минута, првите два од пенали, но тоа не е најбрзиот хет-трик во историјата на елитното натпреварување на УЕФА.

Леванголски го подобри остварувањето на Марко Симоне од Милан, кој во 1996-та постигна три гола против Розенборг за 24 минути, но тоа се најбрзи три гола од почетокот на еден меч.

Бафетимби Гоми од Лион постигна три гола за 7 минути против Динамо Загреб во победата 1:7, во 2011-та, по која француската екипа се пласира во следната фаза со подобра гол разлика од Ајакс.

Гоми стрелаше во 45-та, 48-та и 52-та минута, што официјално се најбрзи три гола споед минутажата (7), која сепак е поделена во две полувремиња. Инаку, тој меч беше под полициска истрага…