Фудбал

ХАРИ КЕЈН ЈА ОСВОИ „ЗЛАТНАТА ТОПКА“ ВО ИСТОРИСКИ НАЈТЕСНАТА ТРКА ЗА НАГРАДАТА

Хари Кејн е освојувач на „Златната топка“ за 2026 година.

Кејн победил пред вториот Килијан Мбапе со најмала разлика во поени во историјата. Инаку, Кејн е прв Англичанец по 25 години и прв играч на Баерн Минхен после 45 години кој го добил ова признание.

Разликата во бодовите помеѓу Кејн и Мбапе е помала од онаа помеѓу Родри и Винисиус во 2024 година. Тогаш беше 41 поен, сега уште помала, откри Венсан Гарсија, кој е главен уредник на Франс Фудбал и директор на организацијата „Златна топка“.

Топ 5 за 2026 година

  • 1. Хари Кејн
  • 2. Килијан Мбапе
  • 3. Ламин Јамал
  • 4. Родри
  • 5. Лионел Меси