ХАМИЛТОН ЕЛИМИНИРАН ВО Q1 (ВИДЕО)
Објавено на: 26.03.2022
Проблемите на Мерцедес во новата Ф1 сезона не стивнуваат, откако Хамилтон не успеа да се квалификува во втората квалификациска сесија и утре ќе стартува од 16 позиција.
Рекордерот по победи и пол-позиции во Ф1 се мачи од почетокот на сезона со новиот болид кој не ја доставува потребната брзина. Тоа беше и повеќе од очигледно на брзата патека во Џеда, каде што Британецот не успеа да се „оттргне“ од најбавните 5 и утре ќе стартува како 16. Најтрофејниот возач се бореше со Строл и Вилијамсот на Албон, но на крајот не успеа да пројде понатаму.
Ова е прв пат Хамилтон да ја заврши својата квалификациска сесија во Q3 по Бразил 2017 година, каде што излета од патеката.