ХАЛАНД ГО КАНИ ОДЕГАРД ВО СИТИ
Објавено на: 24.03.2024
Во Премиер лигата се лути ривали, но во репрезентацијата се блиски другари кои добриот однос надвор од теренот го пресликуваат и кога се долу на тревата. Според Ерлинг Халанд, неговиот тренер треба да ги разгледа шансите за ангажман на Мартин Одегард во Манчестер Сити.
Двајцата се очекува да бидат дел од првиот тим на Норвешка на дуелот во вторник против Словачка, па заедно да се упатат кон островот каде што ги очекува завршницата од Премиер лигата и меѓусебниот дуел за една недела.
На прашањето што мисли за Одегард, 23 годишниот напаѓач на Сити изјави.
Очигледно дека станува збор за врвен играч, но во Сити имаме многу други големи шампиони. Знам дека потпиша нов договор, па збор за трансфер во овој момент не може да претставува реалност.
Дали Одегард може да биде замена за Кевин Де Брујне за сезона или две?