Фудбал

ГЕРМАНЦИТЕ РАСКИНУВААТ 7 ДЕЦЕНИСКА ВРСКА СО АДИДАС

Членовите на германската фудбалска репрезентација по 2026 година повеќе нема да носат дресови од „Адидас“, за првпат во нивната историја.

Двете страни соработуваат повеќе од 70 години, но на оваа долга врска ѝ доаѓа крајот, а од 2027 година до 2034 година, колку што важи договорот, обврската за дизајнирање и изработка на опремата ја презема „Најки“.

Со „Адидас“ како бренд, Германија освои четири светски првенства, големи ѕвезди носеа култни дресови кои и до денешен ден се меѓу најубавите, но на сето ова му се наближува крајот.