Фудбал

ХАЛАНД ВООПШТО НЕ ЈА КРИЕ ОМРАЗАТА КОН БРАЗИЛСКИОТ СТОПЕР НА АРСЕНАЛ (ВИДЕО)

Голот на Џон Стоунс пред последниот судиски свиреж со кој Сити успеа да израмни на 2-2 против Арсенал донесе големо олеснување за домашните фудбалери, но и за навивачите на трибините, но главниот момент од таа ситуаација е што се случи веднаш по голот.

Халанд ја зеде топката и намерно ја фрли во Габриел, погодувајќи го во глава, за набрзо потоа Норвежанецот да предизвика мешаница меѓу фудбалерите. Разгореното дерби кое на крајот не донесе победник, добро е што не немаше поголеми инциденти иако агресивноста на двете страни беше очигледна уште на самиот почеток.