ЃОКЕРЕШ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОДОБАР ОД ДРОГБА ВО ПРВАТА СЕЗОНА?
Објавено на: 15.01.2026
Навивачите на Арсенал можеби веќе губат трпение со Виктор Ѓокереш, но ако погледнат кон историјата на Премиер лигата и тоа кај еден од најголемите ривали ќе најдат причина за оптимизам.
Шведскиот напаѓач пристигна на Емирати минатото лето во трансфер вреден 55 милиони фунти од Спортинг, по неверојатна сезона во која постигна 54 гола на 52 натпревари. Иако вчерашните два гола против Челси како да ја помрднаа работата од „мртва точка“, мора да се признае очекувањата беа огромни, но реалноста засега е поинаква.
Ѓокереш постигна само пет голови на 19 настапи во Премиер лигата, а од 13 септември наваму има само два лигашки погодоци. Сепак, европскиот фудбалски аналитичар Енди Брасел смета дека е прерано за осуда и прави интересна паралела со легендата на Челси, Дидие Дрогба.
Ако ги погледнеме бројките и големите напаѓачи што доаѓале во Премиер лигата, сетете се на Дрогба. Во својата прва сезона имаше сличен учинок. Челси не го донесе за една година, туку за долгорочен проект исто како што Арсенал го донесе Ѓокереш.
Тој потсети дека Дрогба вистински „експлодира“ дури во третата сезона на Стемфорд Бриџ, иако денес важи за еден од најдобрите и највлијателни напаѓачи во историјата на лигата.
Дрогба постигна само 10 голови во својата дебитантска сезона во Премиер лигата, 12 во втората, а потоа стигна до 20 и ја освои Златната копачка. До заминувањето од Челси во 2012 година, клупската легенда запиша 157 голови зад своето име и освои 11 големи трофеи со клубот.
Иако Ѓокереш има проблеми со реализацијата, тоа засега не го наруши походот на Арсенал кон титулата. Топчиите се лидери на табелата со шест бода предност по 21 одигран натпревар.
Пораката е јасна историјата покажува дека за големите напаѓачи понекогаш е потребно време. А дали Ѓокереш ќе тргне по патот на Дрогба, останува да се види.