ЏЕКО ПРАВИ СЕНЗАЦИОНАЛЕН ТРАНСФЕР?
Објавено на: 16.01.2026
Един Џеко се наоѓа на важна раскрсница во кариерата. Искусниот напаѓач е незадоволен од својот статус во Фиорентина, од каде што му било соопштено дека може да побара нов клуб и да продолжи со кариерата на друго место до крајот на сезоната.
Иако има договор со „виолетовите“ до лето, клубот не планира да му прави проблеми доколку одлучи да замине. Опција не се други клубови од Серија А, бидејќи Фиорентина не сака да ги засилува директните ривали, а токму тука се отвори можност за сценарио кое звучи речиси неверојатно: враќање во Железничар.
Во изминатите денови медиумите во Босна и Херцеговина објавија дека живата легенда на босанскиот фудбал би можела да се врати таму каде што сè започна. Џеко во 2005 година од Железничар ја започна европската авантура, преку Теплице, па сè до самиот врв на европскиот фудбал. Денес, повеќе од две децении подоцна, можен е емотивен круг назад на Грбавица.
Според Sportsport.ba, Џеко вчера престојувал во Загреб, каде што имал состанок со Нијаз Брковиќ, новиот сопственик на Железничар. Темата била исклучиво иднината на клубот, а разговорите поминале подобро од очекуваното.
Остварувањето на сонот на навивачите за враќање на Џеко во Жељо е многу пореално отколку што беше пред само еден ден.
Во меѓувреме, навивачите на Железничар веќе ја разгоруваат еуфоријата на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии од Џеко во сино-белиот дрес и надевајќи се дека легендата ќе се врати дома.
Дали навистина ќе дојде до еден од најемотивните трансфери на Балканот во последните години останува да се види. Но, едно е сигурно: приказната за Џеко и Железничар повторно живее.