Фудбал
ГВАРДИОЛА ОДГОВОРИ ДАЛИ ЌЕ СИ ЗАМИНЕ ОД СИТИ
Објавено на: 20.05.2026
По ремито против Борнмут, со кое титулата во Премиер лига замина кај Арсенал, Гвардиола доби директно прашање за својата иднина, а неговиот одговор само ги засили шпекулациите.
Имам уште една година од договорот. Од искуство знам дека не е добро вакви работи да се објавуваат среде натпреварување. Првиот човек со кој треба да разговарам е претседателот. Кога ќе заврши сезоната, ќе седнеме и ќе разговараме. Нема да ви кажам овде, затоа што прво мора да зборувам со претседателот, играчите и стручниот штаб.
Иако не даде конкретен одговор, Шпанецот потенцираше колку му значи клубот.
Јас сум најсреќниот човек на светот што сум дел од овој клуб. Овој клуб е навистина посебен.
Гвардиола го води Сити од 2016 година и во тој период освои 20 трофеи, меѓу кои шест титули во Премиер лигата и историската Лига на шампиони во 2023 година. Минатиот викенд го освои и ФА Куп, што дополнително ја збогати една од најуспешните ери во англискиот фудбал.
Доколку навистина си замине, тоа би предизвикало вистински земјотрес во англискиот фудбал, а меѓу имињата што веќе се споменуваат како можни наследници се Енцо Мареска и Венсан Компани.