ГРАНДЕ ПАНДЕВ ВО ПАРМА
Објавено на: 31.01.2022
Парма во последните часови од зимскиот преоден рок потпиша со некогашниот капитен на македонската репрезентација, Горан Пандев. Двете страни се согласија на краткорочен шестмесечен договор, со клаузула која вели дека има можност истиот да се продолжи на дополнителни 12 месеци.
Bolstering the ranks with a mighty Macedonian: welcome, Goran Pandev! 💪🇲🇰 #ForzaParma
— Parma Calcio 1913 (@ParmaCalcio_en) January 31, 2022
Парма игра во втората италијанска лига Серија Б и вечерва официјално го претстави Пандев на социјалните мрежи. Управата на оваа некогаш славна италијанска екипа очекува Горан Пандев и голманот Џанлуиџи Буфон, во продолжението на сезоната да обезбедат пласман во Серија А.

Можат ли Пандев и Џиџи?