Фудбал

ФОТО НА ДЕНОТ: ФУДБАЛЕРИТЕ СЛЕТАА ВО БУКУРЕШТ

Македонската фудбалска експедиција го почувствува тлото под нозете, по летот за Романија, каде ќе ги одиграме првите два натпревара на нашиот дебитантски настап на континенталните  фудбалски собири.

Вeднаш беше развиорено македонското знаме, по што репрезентативците се упатија кон хотелот. Следуваат четири дена аклиматизација и адаптација, пред премиерниот меч на европските првенства, против Австрија.

Фотографии: Фудбалска Федерација на Македонија