Фудбал

КАКВА ФОРА ФРАНКФУРТ ИМ ПУШТИ НА ЛАЦИО?

Ајнтрахт Франкфурт ја лажирал е-маил адресата при комуникацијата со Лацио, за трансферот на Филип Костиќ кој очајно барал премин во италијанската екипа, со цел да му кажат на фудбалерот дека немало официјално барање од римскиот клуб на адреса на германскиот.

Агентот на Костиќ разбрал за целата ситуација, му испратил скрин-шотови на играчот, а овој побеснел и не сака да тренира со неговата (се уште) актуелна екипа. Преодниот рок заврши на 1-ви септември во 00:00 часот. Следниот прозорец е во јануари.