Фудбал

ПЕРЕС ОД ЈАМАЛ САКА ДА НАПРАВИ ФИГО 2.0, НО ТИНЕЈЏЕРОТ НЕ Е ИЗДАЈНИК

Флорентино Перес е опседнат да ги има сите фудбалски ѕвезди во составот на Реал Мадрид, како што го прави успешно веќе долги години. Џуд Белингем, Килијан Мбапе, Винисиус јуниор, се само дел од примерите, па токму поради овие успешни трансфери, како и големината на Реал, секој фудбалер сака да го носи белиот дрес.

Со таа намера се обиде да предизвика нов земјотрес и да го повтори историскиот трансфер на Луис Фиго, кога од Барса премина во Реал, но одговорот што го доби всушност му даде дознаење на Перес дека, не секој играч сака да е Крал.

Имено, се појавија шпекулации дека Перес во разговор со светскиот познатиот агент Жорге Мендес, се распрашал околу достапноста на неговиот клиент и моментално најдобар млад фудбалер во светот, Ламине Јамал. Сепак, првиот човек на Реал веднаш добил негативен одговор, со оглед на тоа Јамал не сака да биде Фиго 2.0, ниту пак да ја напушти Барселона.

Тинејџерот на Каталонците има сѐ уште име 17 години, се чека неговото полнолетство за да стави потпис на нов договор кој ќе важи до јуни 2030 година и ќе биде носителот на новата ера на „Камп ноу“.